Од МЕД истакнуваат дека оваа тура е само една од низата активности за дополнителна промоција на вредностите на Осогово, кои се од национално и европско значење. Притоа нагласија дека сите заеднички треба да дејствуваат и да дополнуваат уште многу природни и туристички локации на картата на Осоговскиот Регион.
Градоначалниците кои учествуваа на средбата на врвот Сокол беа единствени во ставот дека дел од Осоговските Планини во следниот период треба да се прогласат за заштитен предел и со тоа да се зачува биодиверзитетот на ова подрачје, од една страна, и да се подобри животот на локалното население, од друга страна.
Нашата земја, како дел од иницијативата „Европски зелен појас“, трета година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас. Иницијативата „Европски зелен појас“ се стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на Студената војна. Еколошката мрежа „Европски зелен појас“ поминува низ 24 европски земји.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.