– Денес во нашето училиште по втор пат беше спроведена симулација на пожар од страна на ТППЕ – Кочани во соработка со ОО на Црвен крст. Успешно беа евакуирани наставниците и учениците, имавме тројца повредени ученици од кои двајца потешко и еден полесно. Сакам да се заблагодарам на ТППЕ – Кочани и Црвен крст за несебичната соработка со нашето училиште, рече Кирил Георгиев, директор на ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци.
ТППЕ – Кочани ги подржува ваквите активности на училиштата оти истите се од големо значење за учениците да знаат без паника да го напуштат училиштето при евентуално избувнување пожар, но и да се види подготвеноста на ТППЕ при вакви случаи.
-Тука сме денес да претставиме тактичко показна вежба во случај на пожар. Има опожарена училница, евакуација е направена на учениците и наставниот кадар и техничкиот персонал, а воедно директорот не известува дека има повредени тројца ученици кои ги изнесовме и Црвен крст им укажаа прва помош. Вежбата е со цел да се покаже спремноста на нашата единица при вакви случаи а од друга страна дека имаме целосна соработка со сите училишта и на секои две години спроведуваме вакви вежби со цел и учениците и вработените да се запознаат со начинот како треба да реагираат во реална ситуација во вакви случаи, рече Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Паунов додаде дека со сите училишта организираат вакви симулациски вежби преку кои се утврдува колку училиштето е подготвено да реагираа во случај на пожар или несреќа. Вежбите се спроведуваат согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на основните училишта.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.