– Разговаравме со Горјан, Мима, Сара, Ана, Никола, Давид, Јован, Петар, Моника и можам слободно да кажам дека Република Македонија може да се гордее и да очекува светла иднина со вакви млади луѓе. Овој тим од вредни, креативни и посветени ученици ќе ја претстави и промовира Република Македонија на светската мапа на млади иноватори и затоа ја заслужува сета наша поддршка. Владата, институциите, но и сите граѓани, сите треба да ги поддржиме младите умови на Македонија и да им честитаме за тоа. Да им честитаме на учениците, но и на нивните професори и ментори кои се заслужни за успешно завршената работа. Младите иноватори покажуваат на дело дека во Македонија можат да се дизајнираат и создаваат големи дела. Јас ги повикувам нив, но и сите млади, да работат, да создаваат и да креираат тука, во нашата Македонија, рече Зоран Заев, премиер на Република Македонија.
Премиерот Заев рече дека Владата на Република Македонија ќе продолжи да ја интензивира поддршката за иновации, за информатичка технологија, за развој и за дигитализација на Македонија.
Како благодарност за големата поддршка, тимот на младите иноватори и нивните ментори, на премиерот Заев и на директорот Деспотовски им дадоа подарок маици и испечатена благодарница.
– Следна наша цел е ова натпреварување да го донесеме и во нашата држава, и во Македонија, да не мора да настапуваме под други држави како што беше оваа година, и да можат и повеќе ученици да настапуваат во самото ова натпреварување, бидејќи е прекрасна работа за учениците, рече Гордан Анастасов, ментор на тимот по роботика од Кочани.
Ученикот Горјан Илијевски пред присутните ја престави работата на роботот направен од Лего коцки, со разни приклучоци во зависност од мисијата која што треба да ја извршува.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=hFNcmwWWdJw
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.