Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Титовистите од Кочани го одбележаа роденденот на поранешна СФРЈ и бараат санкции за сквернавењето на македонското знаме

автор: Т. Ајтовски
29 ноември, 2024 11:11
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Титовистите од Кочани го одбележаа роденденот на поранешна СФРЈ и бараат санкции за сквернавењето на македонското знаме

Членовите на Здружението на граѓани  „Јосип Броз Тито“ од Кочани денеска организираа собир и дефиле со знамиња на современата македонска држава и на поранешната СФРЈ, со што ја одбележаа осумдесет и првата годишнина од одржувањето на историското Второ заседание на АВНОЈ и формирањето на титова Југославија.

На собирот им оддадоа почит на поранешните партизански борци кои во виорот на Втората светска војна ги поставиле темелите на заедничката држава, при што нагласија дека постоењето на македонската независна држава денес е директно поврзано со формирањето на поранешната федерација.

-Македонија е независна благодарејќи на Тито, бидејќи оваа Македонија како дел од југословенската федерација, како и сите останати републики, подоцна стана самостојна и суверена држава на Балканот. Наша желба е повторно да се обединиме во мир и разбирање, во рамки на европското семејство, затоа што целиот регион е важен економски и политички простор на Европа, истакна Трајан Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито“.

Титовистите од Кочани го осудија палењето и газењето на македонското државно знаме што се случи во неколку градови по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме.

-Без разлика што сите ние сѐ уште се чувствуваме како Југословени, пред сѐ сме Македонци и ја почитуваме македонската држава и македонското знаме. Се гордееме што сме дел од оваа Македонија и од поранешната титова Југославија и бараме да се преземат законски санкции за уништувањето, односно палењето и газењето на македонското знаме што се случи вчера на одбележувањето на Денот на албанското знаме, за што сите политички партии ја имаат нашата безрезервна поддршка да се казнат сторителите, истакна Ѓорѓи Николов, секретар на Здружението.

Традиционално, со дефиле од возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии и други обележја на поранешната држава, членовите на Здружението поминаа по улиците во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение „јосип броз тито“сфрј

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28
-/7°C
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?