Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Титовистите од Кочани го одбележаа 29 Ноември – роденденот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија

автор: Т. Ајтовски
29 ноември, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Титовистите од Кочани го одбележаа 29 Ноември – роденденот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија

Југословенската тробојка со петокрака, заедно со актуелното македонско знаме повторно се развиорија во Паркот на Револуцијата во Кочани. Членовите на Здружението „Јосип Броз Тито“ се собраа за да го одбележат 29 Ноември – роденденот на поранешната заедничка држава на дел од балканските народи – Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

За разлика од претходните години, изостана дефилето со возила по улиците на Кочани, а членовите на Здружението положија свежо цвеќе на бистите првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, скромно и достоинствено присетувајќи се на важноста што овој ден го имаше за сите кои живееја во СФРЈ. Притоа, нагласија дека со одржувањето на второто заседание на АВНОЈ во босанското гратче Јајце пред 82 години, придобивки има и македонскиот народ.

-Тогаш веќе скоро една петтина од југословенската територија беше ослободена од партизанските одреди на Југославија. Исто така, беа одземени правата на владата во Лондон да ја претставува Југославија како држава, а тоа помина на владата на Југославија, односно на АВНОЈ којшто имаше и законодавни и извршни тела. На ова заседание исто така беше донесена одлука за востановување на чинот маршал, кој чин му е доделен на нашиот Јосип Броз Тито. На седница на Народниот комитет за ослободување на Југославија беше избран и за претседател. Подоцна беше одржано и трето заседание на АВНОЈ во Белград, во ослободена Југославија на коешто беа донесени и понатамошни одлуки за удирање на темелите на идната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, чиј дел секако беа сите републики, меѓу кои и нашата Македонија, којашто никогаш не треба да заборави дека нејзин фактички темелител е Јосип Броз Тито за коешто ние ќе му бидеме вечно благодарни, истакна Трајче Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито“.

Во сеќавањата за денот на создавањето на федеративната југословенска држава, кочанските титовисти потсетија на нејзините главни карактеристики и обележја и истакнаа дека таа била почитувана во целиот свет.

-Да ги посетиме сите државјани на оваа најубава држава Југославија на пасошот, југословенски, што беше многу ценет, како кај нас, и во целиот свет. Сите го бараа овој пасош, но за жал некои од нас го плукаат, а ние сега се радуваме на туѓи пасоши, нагласи Ѓорѓи Николов, член на Здружението „Јосип Броз Тито“.

Со заедничка фотографија пред спомен обележјето на првоборците од кочанскиот крај, титовистите порачаа дека спомените за социјалистичка Југославија не треба никогаш да згаснат, за помладите генерации да знаат за остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: југославијаздружение „јосип броз тито“сфрј

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
77%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?