Државата и источниот регион од претходната недела се зафатени од топлотен бран. Високите температури се причина Кочани да биде полупразен, а граѓаните своите итни и недложни работи ги вршат во текот на утринските часови, за да се заштитат од портокаловата фаза.
-Високите температури лошо влиајат на организмот. Внимаваме од жешкото, конзумираме повеќе вода, се криеме под сенки. Ние препораките ги почитуваме поради заштита на нашето здравје, а ги слушаме и лекарите бидејки тие се компентентни, рече повозрасен жител на Кочани.
-Се ладиме со клима уред, обврските ги вршиме рано наутро, за да го заштитиме здравјето. Излегуваме само по потреба, да си купиме храна, потоа заминуваме дома во поладните простории. Ги почитувам мерките и препораките заради заштита на моето здравје, истакна жител на Кочани.
Анкетираните велат дека ги почитуваат мерките и преораките од надлежните за заштита од високите температури. На терен можеше да се забележи само мала раздвиженост односно граѓани кои имаат обврски за средување.
Една од мерките и препораките донесена од страна на Владата беше да не се излегува на отворено во критичниот период од денот, односно од 11 до 17 часот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.