Екипи на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна попладнево интервенираа на гаснење пожар на отворен простор.

Огнената стихија, нешто по 18 часот се проширила од запалени стрништа со ожнеани житни култури на потегот помеѓу селата Соколарци и Жиганци.

Во гасењето на огнот учествуваа петнаесетина пожарникари со пет возила, кои по три часа успешно ја отстранија опасноста од проширување на пожарот на поголема површина.
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.