Територијалната противпожарна единица од Кочани претпладнево околу 10 часот имаше итна интервенција за гасење пожар на отворен простор во месноста Трајаново Трло, над локалитетот Кладенче.
Пламенот што се проширил на површина од околу 1 хектар, зафатил нискостеблести растенија, зимзелени дрвја, но и големи количини разновиден отпад што бил исфрлен овде, при што е создадена дива депонија.

Со брзата интервенција на пожарникарите спречено е ширењето на пожарот и избегната е опасност од поголема материјална штета.
Пожарникарите велат дека во изминатите денови неколку пати интервенирале на гасење оган на истата локација, поради што повеќе од очигледно е дека се работи за намерно потпалување.
Настанот е пријавен во полиција и се очекува соодветна интервенција за откривање и санкционирање на сторителот или сторителите.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.