Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев потенцираше дека е неповолна состојбата со оризопроизводството поради што опаѓа интересот кај земјоделците.
– Производството станува се понеатрактивно бидејќи станува скапо и интересот кај нашите традиционални произиводители станува се помал и помал. Крајно време е сите да размислиме како ќе изнајдеме решение на овој наш стратешки производ да му даде вистинска вредност и вистинско место да се најде на пазарот, бидејќи ова многу значи и за Кочани и за кочанскиот регион, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека на следната седница на Владата ќе бидат донесени нови мерки во земјоделството, а тие конкретно ќе се однесуваат на производството на ориз и на јаболка. Кај оризопроизводството истакна дека ќе се помага и научно-истражувачката работа.
– 2019 година ќе биде година во која што ќе имаме мерки за модернизација и вложување во Институтот за ориз којшто е оставен од страна на сите чинители и во којшто десетици години не е инвестирано ниту во опрема, ниту во едукација, ниту во човечки потенцијал. Ние преку Програмата за ррален развој ќе издвоиме средства колку што треба за навистина да се вложи во модрнизација и во опрема, односно во реконструкција на целиот објект и на Инситутот, затоа што тоа е најбитната научна алка преку која треба да ставиме акцент на нашите долгорочни политики во делот на оризопроизводството, рече Љупчо Николовски, министер за земјдоелство.
Во рамки на интервентните мерки во земјоделството, министерот Николовски потсети дека минатата година субвенциите за сите земјоделски производи беа зголемени линеарно за десет проценти, додека кај оризот тоа зголемување било далеку поголемо и изнесувало околу 300 отсто по хектар во споредба со претходниот период.
Николовски истакна дека од овогодишната жетва на оризот во Кочанско се очекуваат просечни приноси по околу пет илјади килограми од хектар, при што вкупната реколта би требало да тежи околу 15.000 тони оризова арпа.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.