Според програмата на четвртиот фестивалски ден играат драмската секција на ОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци со претставата „Велика“ на Петре М. Андреевски, во режија на Кире Ѓорѓиев која што се игра на сцената во Мултикултурниот центар во Кочани. Во ЦК „Бели Мугри“ во вечерните термини одигрување на претставата „Зла жена“ на Јован Стерја Поповиќ, во режија на Стоје Додевски, а во изведба на пензионерската група на аматерскиот театар од Куманово, како и претставата „Мирандолина“ на Карло Голдони во режија на Џевит Мифтароски во изведба на Драмското студио при Центарот за култура од Дебар.
Во рамките на придружните настани од 55. Драмски аматерски фестивал, кочанската публика ќе има несекојдневна можност да ја проследи промоцијата на книгата „Панкот е мртов“ (Punk is Dead) од словенечкиот писател Томаж Космач.
Организаторите на ДАФ со посебна гордост го најавија и гостувањето на Словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на култниот југословенски рок-бенд од 70-тите и 80-тите, „Булдожер“.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.