Оваа година натпреварите во лига системот започнаа уште во октомври и имаше два турнира од кои што првиот се одигра во Струмица а вториот во Македонска Каменица. Учество земаа 4 екипи и ние се изборивме за пласман на државната лига каде што учество земаа Средното фискултурно училиште „Методи Митевски Брицо“ од Скопје, СОУ „Васил Антовски Дрен“ од Скопје и СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Се соочивме со силна конкуренција сепак едно е фискултурно училиште но и останатаите две беа со добри избрани спортисти кои што покажаа добра игра и фер плеј. Беше напорно играа по три натпревари и се изборивме за третото место. Чест ми е и горда сум на ученичките што дадоа се од себе што и има силна волја и се натпреваруваа до последен момент и не се предадоа, рече Весна Стојановска, ментор
-Постигнатиот успех за нас претставува поттик за уште поголема работа и труд во иднина како и за освојување на првото место, рече Ана Ѓорѓиева, капитен на екипата.
Инаку, СОУ „Љупчо Сантов“ има формирано спортски клуб во кој што функционираат повеќе спортови како што се ракомет, кошарка, футсал, пинг понг, карате, односно ги застапува сите талентирани ученици кои што сакаат да се натпреваруваат афирмирајќи го спортот воопшто.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=SefB21D93QA
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.