Екипата по прва помош од Општинската организација на Црвен крст – Кочани освои пехар за трето место на 31. Државен натпревар по прва помош што денеска се одржа во Гостивар.
Младите демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди.
На натпреварувањето учествуваа 10 екипи од различни градови, кои претходно беа најдобри на регионалните натпревари.
Државниот натпревар го организираше Црвениот крст на Македонија, со техничка поддршка од општинскиот Црвен крст – Гостивар.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






