Сметаме дека токму Општина Кочани има добра практика што треба да се сподели со нашите колеги од овие две земји, но во исто време сакаме да покажеме како општните во Македонија соработуваат со невладините организации користејќи родово одговорни анализи истовремено правејќи влијание за промена на локалните политики и буџети, со цел подобрување на квалитетот на живеење и унапредување на родовата еднаквост, на односите меѓу мажите и жените во општината, истакна Марија Ристеска, координатор во Фондот за развој на жените на Обединетите нации.
Претставници од комисијата за родова еднкавост на општина Кочани ја презентираа родово буџетската анализа на Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура на Општина Кочани за периодот до 2020 година што ја изработена Здружението „Радар“ од Скопје.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





