– ЛАГ-овите се новоформирани формални граѓански организации во Македонија и дури сега треба да се почне да се работи, се уште се чека на акредитацијата, но тоа не значи дека ние треба да чекаме да се донесе нешто формално. Нашата идеја со овој проект беше подигнување на капацитетите на самите ЛАГ-ови, односно на петте акциони групи од Источниот и Југоисточниот плански регион, мислам дека придонесовме барем помладите членови да ги подигнат капацитетите за стратешко планирање, за проектно планирање, а пред се за нивните комуникациски и лидерски вештини со кои би се приоднерло за подобрување на видливоста на самите организации, рече Александар Јашков, координатор на проектот.
Освен соработката во рамки на државата, се размислува и за нејзино проширување на меѓународно ниво.
Проектот “ЛАГ – НЕТ во Источниот и Југоисточниот регион“ го спроевдуваат граѓанскте здруженија Целор, Круна плус и Агроеко, со поддршка од мрежата за рурален развој и од ЕУ, преку грант програмата АЛТЕР.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.