Министерството за внатрешни работи потврди дека три автобуси и едно комбе целосно изгореа во пожар што се случил во кругот на транспортна компанија.
Ноќеска околу 02:30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема, а причинета е поголема материјална штета.

Во текот на денот на местото на пожарот работеше увидна екипа од ОВР – Кочани, која треба да ги утврди причините за пожарот.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.