Одличен настап и успех имаа членовите на кик бокс клубот „Лидер“ од Виница на меѓународното натпреварување „Balkan best fighters“, што викендов се одржа во Јагодина, Република Србија.
Виничките кик боксери освоија три златни и два бронзени медала, со што ја потврдија добрата подготвеност и се вброија меѓу најдобрите на Балканот.
Со златен медал се закитија Лука Змејковски, Анастасија Андонова и Нина Колева, додека бронзените медали им припаднаа на Борис Митевски и Евгениј Ристов.
На Балканскиот куп „Balkan best fighters” учествуваа 523 натпреварувачи, меѓу кои имаше 190 македонски претставници, како и натпреварувачи од Словачка, Словенија, Романија, Молдавија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.