Во рамки на одбележувањето на 10 години од постоењето на „Амфенол Технолоџи Македонија” на спортскиот терен во дворот на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” се одигра турнир во мал фудбал на кој учестуваа екипи од компанијата.

Своето учество на натпреарите го пријавија тимови од погоните Connexus, Tel ad, Ke Elektronik, FTG, Filec, AAS, Procom и Nox.

Првото место го освои Ke elektronik, второпласирани беа играчите од Amfenol Anntena Solution, на третото место се најде тимот на Connexus и сите три екипи добија вредносни ваучери од „Спортисимо“.

Исто така беа доделени и награди за најдобар играч во машка и женска конуренција што ги добија Дејан Ѓорѓиев и Нина Гоцевска.

Од организацискиот одбор на прославата истакнаа дека турнирот во фудбал поминал успешно, а одбележувањето на роденденот продолжува вечерва со концерт на Влатко Лозаноски и Гоца Тржан во Паркот на Револуцијата.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.