Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Узурпацијата на полските патишта го отежнува пристапот на механизацијата за чистење на вадите за наводнување

автор: Т. Ајтовски
5 март, 2024 13:16
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Узурпацијата на полските патишта го отежнува пристапот на механизацијата за чистење на вадите за наводнување

Узурпацијата на државното земјиште, а особено на полските патишта е сериозен проблем со кој се соочуваат вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ пред почетокот на секоја сезона за наводнување. Стеснетите коловози поради заземањето на дел од нивната површина и претворање во мини депонии, на кои се исфрлаат отпад и остатоци од исечена вегетација, го отежнуваат пристапот на механизацијата што е ангажирана за чистење и оспособување на вадите и каналите.

Проблемот со узурпацијата се провлекува со години и покрај досегашните иницијативи за соодветно решение, сè уште е актуелен и видлив токму во овој период од годината. Локалната самоуправа на Кочани нема законска надлежност врз земјоделското земјиште, особено во делот на разграничувањето на парцелите што се во приватна и државна сопственост.

На последната седница на Советот на Општината проблемот повторно беше посочен преку можноста за советнички прашања, при што се побара ангажирање и на државните институции кои имаат надлежност за негово решавање.

–  Полските патишта не се во сопственост на Општина Кочани, туку на РМ бараме претходно донесената одлука и записникот да бидат спроведени до Агенцијата за рурален развој, до Земјоделие, до Источниот плански регион или каде било, да се изврши катастарско размерување на истите, за да може водостопанската подружница да ги чисти вадите. Оваа година поради поволната сезона од браната Калиманци, најверојатно 90 отсто од полето ќе биде со ориз, но проблем сè уште претставуваат вадите и тие полски патишта. Затоа, апелирам да се види чија е надлежноста, да се најде таа одлука и да се испрати до Министерството за земјоделство, да се направи катастарско размерување, затоа што од водостопанската подружница не можат самостојно да направат промена на трасата, истакна Лазо Митев, претседател на Советот на Општина Кочани.

На нешто повеќе од еден месен пред почетокот на сезоната за наводнување на земјоделските површини во Кочанско, веќе се санирани и исчистени близу 80 отсто од планираните 300 километри канали и земјени вади за кои е надлежна водостопанската подружница „Брегалница“. Чистењето на преостанатите канали е побавно токму поради узурпираните пристапни патишта и површини покрај бреговите на речните корита.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“земјоделско земјиштеполски патиштаузурпација

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?