Крадецот со употреба на соодветен алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на спратот и ги пребарал сите простории. Притоа нашол повеќе паричници, од кои ја одзел наведената сума, при што дел од парите биле во денари, а достанатите 8.500 евра биле во различни апоени
Од полицијата не соопштуваат други детали во врска со кражбата, вообичаено потврдувајќи дека работат на расчистување на случајот и на откривање на можниот сторител.
Ова е една од поголемите кражби во последните шест месеци на територијата на Општина Кочани. Минатото лето за слична вредност беше оштетено КЈП “Водовод“, кога две лица украдоа специјален електричен кабел за пумпи за топла вода од РЕ “Геотерма“. Тогаш сторителите беа откриени и заработија кривични пријави.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=Cy37uWnqdAE
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.