Како тим и понатaму ќе одговориме на потребите на нашите клиенти, квалитена услуга и широка лепеза на банкарски продукти и услуги и нивно успешно спроведување што не прави различни во однос на другите банки. Ве уверувам дека и во иднина ќе проолжиме да бидеме Ваш партнер кој ги разбира Вашите индивидуални потреби и застанува смело позади Вашите бизнис идеи, изјави раководителот на експозитура Кочани, Марина Апостолова.
Специјално за поводот, на свеченоста присуствуваа г-ѓа Милка Тодорова, Претседател на УО и Извршен директор на УНИБанка, г-дин Делчо Крстев, член на УО и Извршен директор на УНИБанка и г-дин Иво Зимоски, директор на Мрежа експозитури на УНИБанка.
– Благодарам на целиот тим од нашата експозитура во Кочани, за нивниот професионализам и постигнатите високи резултати. 20 години не се малку, тука не застануваме. Вие покажавте голем ентузијазам, ја стекнавте довербата на голем број клиенти, физички и правни лица, кои ги доверуваат своите средства на вас, за кои што најискрено Ве поздравувам, рече г-ѓа Милка Тодорова.
Експозитурата на УНИБанка во Кочани е лоцирана на “Кеј на Револуција” бр. 5, влез 2 и 3 и е со работно време од понеделник до петок от 8:00 до 16:00 часот.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.