– Реализираме една донација со вкупно 280 униформи за целокупниот персонал на Општа болница. Главниот донатор е фирмата “Албиро“ од Австрија којашто е специјализирана во производството на вакви униформи и што се користат насекаде во Европа, што значи дека тие се со европски стандард и квалитет. Другиот дел од донацијата го реализираат фирмите “Филип интернационал“ и “ИНТ“, што значи дека двете фрими помогнаа целата оваа акција да биде спроведена на начинот на кој беше договорено, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Директорката на Општа болница, Борка Панова која ја прими донацијата, се заблагодари за помошта и истакна дека со оглед на лошата материјално-финансиска состојба во која се наоѓа институцијата и воопшто здравството кај нас, добиената заштитна облека е повеќе од добредојдена.
– Еден по еден проблем се решаваат во здравството поради што јас имам голема благодарност, од мое лично име и од име на персоналот во Општа болница – Кочани за оваа донација, бидејќи ние не сме финансиски способни да ги обезбедиме униформите за здравствените работници. Со оваа донација сите вработени практично имаат униформи што доликуваат на еден здравствен центар, според сите стандарди што се пропишуваат во здравството, рече Борка Панова, директор на Општа болница – Кочани
Градоначалникот Илијев најави дека ова е само почеток на акцијата за донирање опрема и уреди за Болницата, а ги повика уи другите фирми во Кочани и регионот да се вклучат во донациите.
– Стопанствениците од општина Кочани, а посебно повик до оние кои се корисници на буџетски средства, односно кои учествуваат во изведба на проекти мојата желба е да ги повикаме и да се вклучат во вакви донаторски акции со цел да придонесеме за колку-толку да ги подобриме условите во Општата болница и во секоја сфера на нашето секојдневие, рече Илијев.
Во изминатите неколку месеци ова е трета поголема донација за Болницата во Кочани, откако на крајот на минатата година австриска хуманитарна организација донираше опрема и уреди за лица со инвалидитет, а пред десетина дена се договори опрема и медицински помагала да донира и хуманитарната организација Hand Till Hand од Шведска.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=iAq72xzkMIM
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.