Одличен успех во своите категории постигнаа членовите на карате клубот „Партизан“ од Кочани на меѓународниот турнир „Никола Грдановски – Нике“ што се одржа во Скопје.
Филип Стојанов го освои првото место во борби во категоријата до 76 килограми во конкуренција на јуниори, додека Јован Арсов беше второпласиран во категоријата над 55 килограми, за деца родени 2010 и 2011 година.
На турнирот учествуваа 41 клуб од Македонија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Грција.

Организатор на турнирот, што годинава се одржа по 40. пат, беше карате клубот „Металург“ од Скопје. Освен индивидуалните категории ката и кумите, за првпат беа воведени и екипно ката и кумите во сите категории.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.