Општинската организација на Црвен крст од Виница организираше успешна ноемвриска акција за дарување крв на која крводарителите повторно изненадија позитивно со својот одѕив.
На акцијата се собрани 92 единици со крв, што е многу повеќе од очекувањата. За најдобрите беа доделени картички за благодарност, беџови за 5, 10 и 25 дарувања крв, како и приврзоци. За првите 10 крводарители следуваше топло кафе, а во склоп на акцијата имаа и пункт за зачленување во нивната фејсбук група за крводарители – Клуб +.

Црвениот крст во Виница на годишно ниво реализира по 13 редовни крводарителски акции и вонредни по потреба.
Години наназад општина Виница е прва во државата во крводарителството, односно го исполнува и надминува годишниот план според бројот на жители. Во претходната 2024 година планот беше надминат со 262 проценти повеќе од предвиденото.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






