– Имам доста проекти зад себе, меѓутоа на овој проект сум првпат ангажирана на позиција воспитувач едукатор во „Павлина Велјанова“, клон 3. Покрај тоа што сум менаџер, сум и самохран родител. Значи, да се работи со деца е нешто најблагодарно и племенита работа што секој ден учиме и ние како и децата. Ги опслужувам сите групи, од јасли до голема група, имаме различни работни задачи и задолженија, од занимање, едукација, англиски јазик, математика, во средна и голема група, секако и грижа и нега за помалите дечиња во јасли и прва мала група. Претходно имав работено еден месец во училиште по друга програма, ова ми е второ искуство работа со дечиња, добро функционираме со колегите тану, секогаш ме инспирира работата со деца и би сакала да речам, ако има можност, да продолжам да останам со оваа работа, рече Христина Илиева, дипломиран економист менаџер.
– Добро е, со народ, трпение, некогаш тие се нерасположени, мораш да бидеш трпелив на никого не му е сеедно во денешно време, и така ќе биде, супер е, рече Спасена Вучкова Христена, ангажирана со проектот.
– Работам кај стари и изнемоштени луѓе, посетувам шест лица од кои најмладата е 61, а најстарата е 84 години. Тоа се луѓе полни со предизвик, со знаења, со хумор, со работи што се чувствуваш непријатно кога во одреден момент знаат да те орасположат, да ти дадат елан, да можеш повеќе да работиш. Со овие луѓе ние се надополнуваме, рече Јасминка Лазарова, ангажирана со проектот.
Услугите од проектот општинско корисна работа се спроведуваат во градот и две рурални средини, а едно лице е ангажирано за давање услуги на лицата од ромска националност. Проектот го финансираат UNDP и Министерството за труд и социјална политика, а на локално ниво го реализираат Општина Кочани, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Здружението „Благородна мисија“.
Во изминатите години, преку овој проект беа ангажирани четириесетина лица, кои се долгорочно невработени или социјално ранливи, а на петнаесетина од нив Програмата им помогнала да се вработат. Со проектот им било помагано на над илјада лица од различни возрасни категории во Општина Кочани.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=pbFdRaV0ZcY
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.