Националната установа Центар за култура “Бели мугри -Кочани во соработка со Музеј на град Скопје, организира Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата ќе биде отворена во вторник, 2 април, во 12:30 часот во Фоаје 2 на Центарот.
Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот. Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева, кустос советник од Музеј на град Скопје.

Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.
Активноста е дел од проектот за преземање на изложби за 2024 години во визуелни уметности – галериска дејност. Тој е во рамки на годишната програма на НУЦК „Бели мугри“, со финансиска поддршка од Министерството за култура.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.