Радува фактот што својата хуманост ја покажаа голем број ученици со тоа што имаше голема заинтересираност за учество во натпреварот, рече Марија Николова, претседател на МО „Авангарда“ во СОУ „Гошо Викентиев“.
Натпреварот е дел од активностите за одбележување на патрониот празник на СОУ „Гошо Викентиев“.
– Целта на овој натпревар е да ја покажеме хуманоста, но морам да истакнам дека со овој натпревар ние всушност и го одбележување и нашиот патронен празник. Вакви хумани активности на нашите ученици ние професорите секогаш ќе ги подржуваме, рече Лазар Јанков, професор, ментор на МО „Авангарда“.
Андреј Стојанов и неговата мајка изразија голема благодарност на учениците и професорите што се организирале да им помогнат.
– Морам да истакнам дека позитивно сум изненадена што вака се организирале учениците да му помогнат на мојот син да собере дел од средствата што ни се потребни за лекување. Им благодариме и на учениците и на професорите од двете средни училишта, рече Наташа Стојанова, мајка на Андреј Стојанов.
– Им благодарам на сите кои што организираа ваков натпревар но и на сите што дојдоа и донираа за мене. Мојот најголем сон е да заминам на лекување во Русија и со помош на граѓаните и со Божја помош ќе успеам во тоа, рече Андреј Стојанов.
Инаку, активностите за одбележување на патрониот празник на СОУ „Гошо Викентиев“ продолжуваат на 19 април во 10:00 часот кога во холот на училиштето ќе се одржи мини свеченост со музика и драматизација и на која ќе бидат прогласени најдобрите ученици меѓу кои и ученикот на генерацијата.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=KypAMQIZPFs
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.