– Навистина сум горд и многу среќен што овие прекрасни ученици стигнаа на многу високо ниво – да учествуваат на Светскиот натпревар по роботика што ќе се одржи во Детроит, Америка. Бидејќи ни се потребни финансиски средства за патувањето таму ги замолуваме сите граѓани и бизнис секторот ако се во можност да ни помогнат да го реализираме патувањето и да ја претставиме Македонија на светско ниво, рече Гордан Анастасов, ментор.
Инаку, по победата во Белград, учениците од кочанските основни и средни училишта учествуваа на натпреварот по роботика на регионалната Адриа лига, што на 10 мартсе одржа во Гросупље, Словенија. И од таму се вратија со први места. Освоија прво место во конкуренција „Основни вредности“, трето место во конкуренција „Игра со роботи“ и прва награда му беше доделена на Гордан Анастасов, како најдобар ментор.
Со помош на бизнис-секторот учениците и менторите искрено се надеваат дека ќе успеат во намерата да ја претстават државата на меѓународниот натпревар во Америка.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=ODqHc-pjjhw
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.