Од тие причини е заштитен со цел да се одржи таков како што е и да овозможи да се зачува биодиверзитетот, рече Зора Чурева, претседател на еко-одборот во СОУ „Љупчо Сантов“.
Меѓу другото освен посетата на тој едукативен центар училишниот тим имаше можност да присуствува и на еднодневната работилница на истата тема во организација на Македонското еколошко друштво.
Работилницата, додава Чурева, се одвивала во насока на размислување да може текот на реката Брегалница во делот од Делчево, Македонска Каменица кон Кочани, па се до вливот во Вардар да стане заштитено подрачје и како би можело да се преземат активности за зачувување на биодиверзитетот како што е направено во беровско – пехчевскиот крај со изградба на пречистителна станица за отпадни води.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.