Во ОУ „Раде Кратовче“ се спроведува десетдневна акција за донирање училишен прибор. Пунктот за донација е во училницата на младинскиот клуб и акцијата ќе трае до 31 август со можност за продолжување доколку се погледа потреба за донации.

-Училишниот младински клуб при училиштето „Раде Кратовче“ организира хуманитарна акција за донирање на училишен прибор и на се она што му е потребно на еден ученик за почетокот на учебната година. Хуманитарнта акција почнува од денеска, а завршува на 31 август. Ако е увидена потреба истата ќе биде продолжена. Целта е да собереме повеќе прибор и да го донираме на учениците на кој им е потребен приборот, истакна Сања Павлова Димитрова, наставничка во училиштето.

Мотото на хуманитарната акција гласи „Донирај малку, помогни многу“. Од клубот апелират секој кој е во можност, да ги посети просториите на училиштето од 10 до 12 часот, и да донира школски прибор што ќе биде наменет за децата на кои им е потребен за почеток на новата школска година.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.