Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Уште половина милион денари за плаќање на котизацијата треба да добие ГФК „Осогово“ од буџетот на Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
25 јули, 2023 12:25
во Кочани, Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
Уште половина милион денари за плаќање на котизацијата треба да добие ГФК „Осогово“ од буџетот на Општина Кочани

На дваесетина дена пред најавениот почеток на првенството во Втората фудбалска лига, ГФК „Осогово“ треба да добие дополнителна финансиска инекција од буџетот на Општина Кочани во висина од 1,2 милиони денари. Парите ќе бидат наменети за покривање на трошоците и плаќање на надоместокот за котизација за учество во лигата, а што секоја второлигашка екипа е обврзана да го уплати на сметката на Фудбалската федерација.

Предлогот за исплата на сумата од буџетот е веќе изготвен со измените и дополнувањата во Програмата за спорт на Општина Кочани за 2023 година, па наместо првичните 1.205.000, „Осогово“ треба добие вкупно 2.605.000 денари. Одлуката треба да ја потврди Советот на Општината на седница што ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани потврдија дека поддршката за котизацијата во висина од 500 илјади денари е преку ставката за директна помош на клубот, а другите 700 илјади денари се преку ставката за распределба на клубови кои се класифицираат како екипни олимписки спортови.

Со дополнителната финансиска помош, кочанските жолто-сини, кои од оваа натпреварувачка сезона се повратници во Втората фудбалска лига, целосно ќе можат да ја платат котизацијата, а остатокот од сумата од општинскиот буџет да го планираат за другите трошоци.

Од Управниот одбор и Стручниот штаб на клубот пред почетокот на подготовките за настап во новото првенство нагласија дека главен приоритет ќе биде задржување на второлигашкиот статус, со пласман во средината на табелата. Со поддршката од општинскиот буџет за котизацијата, пред нив ќе има една пречка помалку во остварувањето на целта, а што ќе треба да се оправда на фудбалскиот терен.

Паралелно со добивањето финансиска поддршка од парите на граѓаните, спортската и воопшто јавноста во Кочани очекува поголема транспарентност од клубот, со отчет за работењето пред Советот, што не беше практика во изминатите години.

Покрај дополнителната помош за „Осогово“, со измените во Програмата за спорт за 2023 година, пред Советот на Општината се наоѓа и предлог за исплата на 70 илјади денари за организирање турнир во кошарка.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанифк осогово

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
85%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
12/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?