Од Градинкaта велат дека согласно Законот за заштита на децата, за да се одговори на потребите за згрижување на деца во градинка, може да се прилагодат и други просторни услови, особено за децата од предучилишна возраст. Притоа, веќе било поднесено барање до Министерството за труд и социјална политика за да одобри вработување нов кадар: воспитувачки, негувателки и технички персонал.
Во четирите објекти во Кочани и еден во Оризари, кочанската градинка во моментот згрижува 720 деца на возраст до 6 години, а во нив има 86 вработени, од кои 55 се во воспитно-згрижувачката дејност, а останатите се администартивно-технички персонал.
Општина Кочани веќе изготви проект за нова детска градинка во населбата Драчевик, чија изградба ќе ги реши актуелните потреби за згрижување на децата од предучилишна возраст, не само од Кочани, туку и од соседните општини.
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=Q7TsGtlnUuU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.