За шест месеци, за инфраструктурни проекти за Кочани се наменети близу 22 милиона денари од Владата на Република Македонија: 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, 3 милиона денари за изградба на кракови на улицата „Стамен Манов“, 2 милиона за дел од патот Крушка – Полаки и најновите, 4 милиони денари за улици во Ромското Маало.
Покрај финансирањето од централниот буџет, Општината дополнително издвојува и сопствени средства за реализација на градежни зафати. Посебно значајна е промената во приодот во оваа работа, затоа штулиците кои се пробиваат и тампонираат, веднаш се асфалтираат.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.