Третиот и четвртиот настап беа во Чинарчик и Малтепе, област во Истанбул каде што големата група се претстави со орото Лазаренки. Сите три градови во кои што настапија фолклористите се туристички места кои што се наоѓаат на морето.
Освен настапот во сите градови фолклористите имаа и дефиле каде што продефилираа низ турските улици и ја претставија македонската носија и песна.
За време на неколкудневниот престој во турските градови фолклористите имаа можност и да прошетаат во големи трговски центри за да си купат нешто за спомен како и да бидат дел од големите и богати луна паркови кои што ги нудат турските престолнини Јалова и Чинарчик.
Инаку, меѓународните фестивали претставуваат и можност фолклористите да се запознаат и и со играорци од различни држави, а на овој меѓународен фестивал настапија фолклорни друштва од Босна, Романија, Бугарија, Грузија, Казахстан, Македонија и домаќините Турција.
На нашите фолклористи им претстои настап на меѓународен фестивал во градот на розата Казанлк во Бугарија, а на тој фестивал ќе настапат од 1 до 4 јуни оваа година.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=-szoo4SwDzo
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.