„Тресеница“ потекнува од селото Мариово и „Лазаренки“ е исто стилизирана кореографија која потекнува од Бојмија, Гевгелиско поле, а станува збор за обичаи што се изведуваат на Лазарева сабота. И четвртиот настап ни беше со традиционалната игра „Црна трава“. Од публиката изнудивме силни аплаузи. Инаку, на тој фестивал настапија фолклористи од повеќе држави а ние најмногу се дружевме со фолклористите од Алжир и Кина, рече Ристе Ѓорѓијев, кореограф на ФА „Кочани“.
Благодарение на упорноста и ентузијазмот на кореографите кои што работат со фолклорисите Ристе Ѓорѓијев и Ана Николова, како и благодарение на трудот на играорците, ФА „Кочани“ е вистински репрезент на македонската музика и оро надвор од државата, а постојано се во активност и на изучување на нови ора. Во моментов во подготовка е сценска адаптација од традиционални игри од Егејска Македонија, но кореографите се доста иновативни и креативни и во делот на воведување на нова кореографија, нови ора но и нови носии кои потекнуваат од различни краеви од државата.
Инаку, во ФА „Кочани“ функционираат повеќе групи во зависност од возраста на фолклористите, а доста интересна и активна е возрасната група играорци кои постојано изучуваат нови ора и кореографии, а реализираат и турнеи во земјава и странство.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.