Членовите на фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари од 28 до 31 јули успешно го презентираа изворниот фолклор од Осоговијата во соседна Србија.
На 28 јули беа дел од 14. Меѓународен фолклорен фестивал „Босилеградско Крајиште пее и игра“ во Босилеград, каде што покрај настапите имаше и натпреварувачки дел, а освоија прво место во категоријата „мис и мистер на вечерта“ во изворни носии. Членовите на ансамблот беа гости на Фолклорната секција „Младост“.

ФА „Љупчо Сантов“ беше гостин и на забратименото КУД „Чарапанка“, од селото Крвавица кај Крушевац, каде што по повод верскиот празник Огнена Марија се одржа концерт во домот на културата.
Активностите на фолклористите продолжуваат со учество на Меѓународниот фолклорен фестивал во Тиват, Црна Гора.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.