Членовите на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари имаа еднонеделна турнеја во соседна Бугарија каде учествуваа на фестивали на кои претставија дел од македонскиот изворен фолклор.
Од 30 мај до 2 јуни, ансамблот беше учесник на 20. Меѓународен детски етнофестивал „Децата на Балканите – со духовност во Европа”, што се одржа во Минерални Бањи кај градот Хасково. За својот одличен настап младите фолклористи добија специјална награда.
Веднаш потоа членовите на ансамблот отпатуваа во градот Казанлак, кој е збратимен со Кочани. Таму беа дел од фестивалот „Празник на розата“ што годинава го имаше јубилејното 120 издание.
Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ бил дел од свеченото дефиле по улиците на градот на кое учествувале над 10 илјади учесници. Во текот на фестивалската програма, момчињата и девојчињата од Оризари имале три настапи на главната сцена.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.