– Ова е еден од клучните проблеми што ги имаат жителите на ова село, и уште во првата година овој проект ќе го реализираме и еве гледаме дека токму денеска, на овој свет празник овој проект почна со изградба и до крајот на годината и ќе заврши, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Со изградбата на филтер станицата ќе се решио повеќедецениски проблем за жителите од Трсино, поради што од Месната заедница искажаа благодарност до Локалната самоуправа за оваа капитална инвестиција за нив.
– Со нашата вода повеќе од 15 години стопанисува ЈП “Солидарност“ од Виница. По повеќе обиди се заклучи дека водата технички е исправна, но бактериолошки не. Тоа го потврдуваа и неколку направани анализи од Центарот за јавно здравје. Во неколку разговорои со градоначалникот на Општината најавивме дека мора да се направи филтер станица. Тоа го заклучи јавното претпријатие „Солидарностж“ и еве, овде сме, на исчекор до главниот проект. Со тој проект завршуваат проблемите на жителите на село Трсино, меѓутоа и на дел од село Драгобраште и пошироко, рече Зоран Ристовски, претседател на Месната заедница на Трсино.
Поради застарениот начин на изградба на постојните извори, досега во поголем дел од годината доаѓаше до заматување на водата и таа не одговараше ниту на минималните стандарди за исправност. Со новата инвестиција ќе се обезбеди пречистување со грубо и фино филтрирање, како и дезинфекција, со што жителите на Трсино ќе добијат санитарно исправна вода за пиење.
Со изградбата на филтер станицата и реконструкцијата на главната водоводна линија ќе се избегнат загубите на вода од изворот, а општината ќе ги намали трошоците за поправки и одржување. Заштедените средства ќе се пренаменат за решавање на другите комунални прашања во селото.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.