– Со мало задоцнување, но сепак го организираме по дванаесетти пат овој фудбалски турнир “Драганица куп“, поради временските услови малку задоцнивме, но се потрудивме со четири екипи да го организираме за оваа година. Скромно, но сепак за секого има по некоја награда обезбедено, учествуваат четири екипи, нашата “Осогово“, “Слога“ од Виница, “Беласица“ од Струмица и “Плачковица“ од Радовиш. За догодина се надеваме дека ќе биде малку помасовно од оваа година, рече Горан Милосов, претседател на Управниот одбор на ФК “Осогово“.
Инаку, во првиот натревар младите фудбалери на “Осогово“ со резултат 5:1 ја совалдаа екипата на “Слога“ од Виница, а со сличен резултат виничани беа поразени и од тимот на “Плачковица“ од Радовиш.
Во финалната средба “Осогово“ и “Беласица“ одиграа без голови, по што се пристапи кон изведување пенали. Поголема спортска среќа и вештина имаа гостите од Струмица кои на крајот славеа побеада од 5:4.
Инаку, признанието за најдобар фудбалер му припадна на Митко Андонов од ФК “Осогово“, за најдобар голман на Филип Лазаревски од “Беласица“, а најдобар стрелец беше Љупче Пејов од “Осогово“.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=NxvrRCZqvWU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.