Сега, шест години пред одбележувањето на 100-годишнината од основањето клубот, Управниот одбор на “Осогово“ решил дека е време за промена на досегашниот грб, со нов, со посовремен изглед. Графичкото решение содржи дел од досегашните мотиви, но освен името на екипата допишана е кратенката ГФК – градски фудбалски клуб, а освен тоа додадени се и контури на планински врвови како обележје на планината Осогово, според којашто клубот и е именуван.
Од Управниот одбор велат дека до крајот на февруари се очекува да профункционира официјалниот веб-сајт со адреса fkosogovo.com, нешто што што го немаат поголемиот дел од македонските спортски екипи. Во меѓувреме клубот се промовира преку отворените профили на социјалните мрежи и на Instagram.
Во однос на играчккиот кадар продолжува доекипирањето, при што деновиве тимот е засилен со уште две нови имиња. Се работи за Александар Игески и Дејан Велевски со што клубот доби фудбалери коии имаат прволигашко искуство. Игески е голман на 25-годишна возраст кој во есенскиот дел од полусезоната играше во Гостивар. Неколку години претходно тој ја чувал мрежата на прволигашите “Металург“ и “Хоризонт“ – Турново, а бранел и за “Беласица“, “Локомотива“ и “11 Октомври“.
Велевски пак, е 24-годишен одбранбен играч кој игра на средината од теренот, а во екипата на “жолто-сините“ дојде од тимот на “Силекс“. Освен за кратовскиот прволигаш тој настапувал и за “Младост“ – Царев Двор, “11 Октомври“, “Пелистер“, “Новаци“ и “Вардар“ од Неготино.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=DptHoAQATcc
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.