Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е формиран новинарски клуб со назив „Ким Ко – Инфо“ по јавниот повик го објави Македонскиот институт за медиуми, како дел од програмата на УСАИД „Младите размислуваат“.
Кочанското училиште имало успешна апликација, покрај големиот број пријавени училишта на ниво на држава.
Учениците кои ќе бидат дел од клубот ќе реализираат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните содржини. Тие ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини. Наставниците пак, ќе поминат и соодветна обука за да добијат вештини и знаења од областа на новинарството коишто треба да им ги пренесат на учениците.
Учениците ќе се состануваат еднаш во неделата, во периодот од тековниот месец, па сè до мај следната година. Во програмата ќе бидат опфатени теми меѓу кои и новинарството како професија, новинарски жанрови, дезинформации и слично.
На крајот на училишната година ќе биде објавен и конкурс за најдобар медиумски производ подготвен од страна на новинарските клубови во државата.
Логото на новинарскиот клуб го изработија Матеа Глигорова, Деспина Салтирова и Ана Ајтовска, ученички од 8 одделение при училиштето „Св. Кирил и Методиј“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.