Во библиотеката „Искра“ се одржа настан по повод Денот на народното востание на македонскиот народ. Во рамки на активноста беше претставена фото изложба со мотиви од Народноослободителната борба, а ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ имаа литературно читање со истата тематика.
Директорката на ЈОУБ „Искра“ истакна дека гостите од Велес се дојдени со интересни факти за Народноослободителната борба.
-Библиотеката “Гоце Делчев“ од Велес учествува со презентација на македонски автори и дела, кој што се инспирирале и твореле од тематиката од Народноослободителната борба. Можам да кажам дека вакви македонски писатели, автори, поети ги има многу и дека оваа тема и темаатика е болна инспирација за нивните дела. Во нашата презентација се опфатени оние кои се позначајни. Делата остануваат вечен и долготреан доказ за тешкиот живот на македонскиот народ, истакна Снежана Гошевска директорка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.
-Ние од Локаната установа „Народен музеј“ од Велес имаме ретки и автентични фотографии во пресрет на празникот 11. Октомври од велешкиот округ. Публиката ќе има можност да ги види тие фотографии и целиот тој процес на ослободувањето, кажа Ангел Коруновски директор на Локалната установа „Народен Музеј“ од Велес.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.