Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Фрлени отпадоци во десниот магистрален канал предизвикаа опасност од поплавување на објектите кај ТППЕ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
26 мај, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Фрлени отпадоци во десниот магистрален канал предизвикаа опасност од поплавување на објектите кај ТППЕ – Кочани

Граѓанската неодговорност предизвика опасност од излевање на водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплавување на куќи и други објекти кај Територијалната противпожарна единица. Фрлените отпадоци, остатоци од мебел, остатоци од домашни животни, пластична амбалажа и друг вид ѓубре ја затнаа решетката на каналот пред подземниот тунел и сериозно го покачија нивото на водата во каналот.

Вработените во водостопанската подружница од Кочани со итна интервенција исчистија околу половина тон отпадоци и спречија да дојде до поголема катастрофа.

-При интервенцијата беа извадени големи колични ѓубре, главно најлони што го попречуваа нормалниот проток на водата, па нивото во каналот се качи до критична точка. Ако не интервениравме на време, за половина час ќе беа поплавени дел од објектите во кругот на противпожарната единица и куќите што се близу до каналот. Повеќепати апелираме до граѓаните да не фрлаат отпадоци, но како што може да се види овде имаме извадено стари телевизори, најлони, ѓубришта, остатоци од вегетација што се фрлаат од бавчите, од кроење лозја, сето тоа се фрла во каналот. Имаме решетка за да не го пропушта ѓубрето, но штом се насоберат отпадоци на неа тоа претставува сериозен проблем, истакна Станче Стефанов од водостопанската подружница „Брегалница“.

Со максимална количина од околу десет кубни метри вода во секунда, што поради наводнителната сезона е пуштена во каналот, лесно може да дојде до излевање, особено на критичните места каде што тој влегува под земја, како што е локацијата во близина на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Мобилните екипи досега успеваат за краток период да ги исчистат отпадоците, но ако тоа се случи во вечерните часови, опасноста од поплавување ќе биде реалност, додаваат од водoстопанската подружница.

За ваквиот неодоговорен однос на граѓаните веќе се известени надлежните инспекциски и полициски служби, за што ќе се бара преземање соодветни мерки и санкции против прекршителите.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: земјоделствонаводнување

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“
Кочани

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“

автор: Т. Ајтовски
16 јули, 2025
0

Без поддршка во Советот на Општина Кочани остана предлогот за измена на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина  Кочани за 2025 година со...

прочитај повеќе
Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира
Кочани

Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира

автор: Т. Ајтовски
14 јули, 2025
0

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ изготви технички проект за изградба на спомен обележје на Пониква, а што ќе биде посветено на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
30°C
чисто небо
чисто небо
3 m/s, SW
34%
756.81 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?