– Возејќи накај Кочани секогаш од воодушевувам од прекрасните оризови полиња во неговата околина. меѓутоа доаѓајќи наваму, денеска осознав дека постојат и други можности, како во земјоделието, така и за други индиустриски гранки во Кочани и мило ми е што го гледам тоа во градот. Како што веќе спомена градоначалникот, во Кочани работат најмалку пет големи холандски компании, во земјоделието како „Антура“, системи за ладење како „Геерлофс“, неколку компании во текстилната индустрија и ми беше задоволство со градоначалникот да поразговараме за можностите како понатаму да ја развиеме таа соработка и уште повеќе холандски инвеститори да донесеме во Кочани, рече Вилем Воутер Пломп, амбасадор на Холандија.
Градоначалникот Илијев изрази задоволство од средбата со холандскиот амбасадор, при што истакна дека го информирал за актуелните активности и можностите за инвестирање што ги нуди општина Кочани.
– Ова прилика ја искористивме да поразговараме за она што се случува во нашата општина, да го информирам господинот амбасадор за работите што ние ги преземаме за подобрување на стандардот, односно животот на граѓаните на општина Кочани, како и за нашите стопански активности што ги имаме во општината, рече Николчо Илијев. градоначалник на Општина Кочани.
Посетата на Општина Кочани на холандскиот амбасадор беше во рамки на неговот престој кај нас по повод пуштањето во работа на вториот погон на компанијата „Антура“, а беше најавено дека контактите со холандскиот бизнис-сектор ќе продолжат и ќе се бараат начини тој да се проширува и во други области.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=Cpy0x_Qgrgg
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.