Учениците и вработените во ООУ „Климент Охридски“ од Облешево и годинава организираа „Велигденска магија“ која имаше хуманитарен карактер.
Во знакот на хуманоста и со добромисла и молитва за настраданите во пожарот во Кочани, пред еден од најголемите христијански празници – Велигден, преку едукативни и креативни игри и изработки тие ја покажаа својата умешност и знаења. Под мотото „Велигден – Христовото Воскресение, заеднички го одбележаа симболот на страданието и на саможртвата за ближните.

Освен прекрасните Велигденски изработки, заедно со многу игра и забава, беа организирани магични експерименти од хемија и природни науки. Со тоа учениците и нивните наставници ги направија овогодишните претпразнични чествувања поразлични од претходните години.

Училишниот двор беше преполн, а собраните парични средства, заедно со секоја насмевка од искрените детски лица, ќе бидат подарок за оние на кои во овој момент им се најпотребни.




©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.