Хуманитарна акција за донирање храна денеска организираше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани во пресрет на претстојните новогодишни и божикни празнувања.
На штандот што беше поставен во рамки на Новогодишниот базар во Паркот на Револуцијата акцијата, кон која се приклучи и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани, наиде на одличен одѕив меѓу хуманите граѓани кои донираа поголеми количини прехранбени производи.
Според информациите од ОК ВМРО-ДПМНЕ, артиклите што се прибрани ќе бидат доволни да се подготват пакети со кои ќе им се помогне во празничното одбележување на околу 150 социјално загрозени поединци и семејства во општината.
Донирањето на пакетите ќе се реализира во наредните неколку денови, при што активистите ќе ги посетат социјално загрозените семејства во нивните домови за да им поделат пакети со брашно, грав, зејтин и други прехранбени артикли.
.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.