– Нашата акција продолжува, во неделата бевме во Куманово, вчера бевме во Берово, еве денеска сме во Кочани и Виница, утре продолжуваме во Пехчево, така што со тоа ја завршуваме овогодишната акција за Рамазан Бајрам. Ја користам приликата да им го честитам на сите наши браќа муслимани празникот, воедно да ги поздравам нашите сограѓани со христијанска вероисповест, заедно со нас да го прослават празникот, многу години да соработуваме и ова да помине во една традиција, да им помагаме на посиромашните луѓе, рече Сафет Дестанов од хуманитарната организација Humanity first.
Освен пакетите со храна и лекови, германската хуманитарна организација обезбеди и бесплатни лекарски прегледи за старите и изнемоштени и лицата од социјален ризик.
Од име на граѓаните на Винцица, за доделената помош зе заблагодари претседателот на Советот, Тони Велков.
– Општина Виница беше дел од оваа хуманитарна акција што се спроведе во повеќе градови, значи ние дадвоме огромна поддршка и на нашите сограѓани, се поделија пакети од хуманитарната организација од Германија, рече Тони Велков претседател на Советот на Општина Виница.
Задоволни од помошта беа и граѓаните од Виница и Кочани кои изразија благодарност до Ахмадија заедницата.
По месецот на постот, муслиманите го слават Рамазан бајрам. Членовите на Ахмадија муслиманската заедница велат дека тие не ги делат граѓаните и не прават никаква разлика дали се муслимани или христијани, туку им помагаат на сите, затоа што, како што велат, сите луѓе се создадени од Бога.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.