Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

ЦГК: Водата за пиење во Кочани е најскапа во државата, а „Водовод“ е со најголема финансиска загуба

автор: Т. Ајтовски
11 јули, 2024 10:42
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
ЦГК: Водата за пиење во Кочани е најскапа во државата, а „Водовод“ е со најголема финансиска загуба

Граѓаните и правните лица кои користат вода за пиење од јавната водоводна мрежа во општина Кочани плаќаат по 48,79 денари за потрошен кубен метар вода, што е највисока цена во државата. Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за кубик, што е за 6,5 пати помалку од кочанци.

Освен во Кочани, најскапа вода се плаќа и во другите општини од Источниот регион – Делчево, Пробиштип и Берово, како и Свети Николе, додека најниска цена има за жителите на Полошкиот регион – Боговиње, Теарце, Желино и Врапчиште, а петта е општина Росоман кај Кавадарци.

Од друга страна, КЈП „Водовод“ кое стопанисува со мрежата, има финансиска загуба од 63,3 милиони денари, односно 1 милион евра, што е најголема од сите комунални претпријатија. Всушност сите останати претпријатија во државата имаат вкупна загуба од 3 милиони евра.

Просечната цена на кубик вода за пиење во земјава е 27,49 денари, што значи дека е за околу 45 отсто пониска од она што го плаќаат потрошувачите во Кочани.

Ова се податоците што на граѓаните на Кочани им се познати од поодамна, а коишто ги потврди и Центарот за граѓански комуникации од Скопје во истражувањето за состојбите со водата за пиење во државата, а што го објави денеска.

Три општини се издвојуваат според најголема потрошувачка на вода и тоа: Маврово и Теарце, каде домаќинствата трошат по 70 кубици месечно, како и Боговиње со 40 кубици месечно. Најмалку вода просечно месечно трошат домаќинствата во Старо Нагоричане, само по 2,4 кубици, а со мала потрошувачка, пониска од 7 кубни метри месечно се и Ранковце, Охрид, Чашка и Карбинци.

Во анализата е наведено дека во државата има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Најголем дел од нив имаат различни цени за „домаќинствата“ и за „останатите потрошувачи“, односно за правните лица – фирми и институции. Скоро половината од нив работат со финансиска загуба, додека загубата на вода кај поголем дел е над 40 отсто, односно годишно во државата се губат по 146 милиони кубни метри вода за пиење.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: вода за пиењекјп „водовод“центар за граѓански комуникациицентар за граѓански комуникации - скопје

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?