-Денес имавме одличен повод да ја продолжиме кампањата „На секое дете му е потребно семејство“. Тоа е кампања за деца кои се без родителска грижа која што ја води Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ . Ние како Меѓуопштински Центар за социјални работи сме дел од таа кампања и одржуваме трибини. Денеска се одржа во Кочани, а за утре имаме планирано трибини во Зрновци и Чешиново – Облешево со цел да ги запознаеме потенцијалните згрижувачи со можностите што ги нуди кампањата, истакна Кирил Ковачев, директор на Центар за социјални работи – Кочани.
Инаку, Ротари клубот Кочани-Виница како резултат на одличната соработка со Центарот додели пакетчиња на децата што се во згрижувачки семејства како и на оние од Дневниот центар за деца со посебни потреби и со тоа им ја честиташе Новата Година.
Во знак на благодарност за одличната соработка, директорот на Центарот за социјални работи Ковачев додели благодарници на Ротари клубот како и на медиумите во Кочани.
Инаку во Дневниот центар за деца со потребни потреби засега има 5 деца со интенција оваа бројка да порасне на 12 лица со цел да се задоволи капацитетот на центарот, додаде Ковачев.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.