– И самата суштина на неделата на имунизација па и на овие предавања целта е да се запознат децата со бенефитите од вакцините и зошто треба да се вакцинираат и да се запознаат со заразните заболувања против кои има вакцина, рече д-р Натка Каранфилова, специјалист, епидемиолог.
Кочани и општините што ги покрива Центарот за јавно здравје имаат висок процент на опфатеност на имунизација, истакнува д-р Каранфилова.
– Кај нас, во Кочани и во регионот, опфатот со имунизација е над 95%. Кај некои општини како Пехчево, Виница и Берово опфатот на имунизација е 100%, со исклучок на МРП и ХПВ вакцините каде опфатот е понизок, додаде д-р Каранфилова.
Сепак кај одредени родители се јавува скептицизам во однос на вакцинирањето на своите деца со одредени вакцини. Лекарите објаснуваат дека тоа се должи на неиформираноста на родителите.
– Тоа е резултат за жал на антивакцинални кампањи кои немаат никаков научен основ. Мора да истакнам дека нема никаква опасност од аплицирање на овие вакцини и скептичноста кај родителите е резултат на неинформираноста или недоволниот наш настап како медицински лица. Колку се ефикасни вакцините покажува фактот што доста болести се искоренети во Македонија како резултат на вакцинирањето, додаде д-р Каранфилова.
Светската недела на имунизација којашто се одбележува во текот на последната недела од месец април, од 24 до 30, има за целда поттикне поголема акција за имунизација ширум светот со што ќе стави акцент на важноста на улогата што секој може да ја игра во оваа акција на индивидуално и колективно ниво.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=RsaDUFblvjs
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.