ЦИВИЛ – Центарот за слобода, со поддршка од градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денеска организирше јавна дебата на тема „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“.
Настанот се реализира четврта година по ред, а целта е промоција на мултикултурализмот, почитување на различностите и недискриминацијата.

На дебатата присуствуваа претставници на граѓански здружениа, на јавни установи и граѓани од општина Кочани.
-Oваа дебата е дел од серијата настани, кои ги реалзирааме низ територијата на цела држва. Ние на овој настан ќе се потрудиме да ја претставиме нашата работа, но и да ги ислушаме сите присутни, да ги сподели грижите, проблемите или пофалбите, затоа како се одвива мултикултуралноста, интеркултурализмот и меѓуетничките односи. Ќе зборуваме и во доменот на различностите, односно во областа на родовите, половите и останатите проблеми, истакна Дијана Тахири претставничка од ЦИВИЛ.

По одржаната дебатата, ќе се изготват нацрт-заклучоци и препораки, што ќе бидат разработени и упатени кон соодветните институции и организации.
ЦИВИЛ – Центарот за слобода е организација за човекови права и слободи, а нивната визија е сите луѓе да живеат во мирно и демократско општество.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.